Бакарот ќе биде “нова нафта“

80

Цените на бакарот достигнаа рекордни високи нивоа и се очекува да продолжат да растат бидејќи глобалниот недостаток на металот продолжува и залихите на пазарот се намалуваат.

Пред неколку дена, овој метал, за кој велат дека е “црвено злато“ и “нова нафта“,  достигна вредност од 10.000 долари, а сега вреди 10.578 долари по тон.

Инвеститорите се насочија кон овој метал бидејќи  грижите за глобалното економско закрепнување од  пандемијата постепено се смирија со вакцинацијата низ целиот свет.

Масовните кинески физички набавки на рафиниран бакар беа првичниот двигател на закрепнувањето на цената по пандемијата. Државата увезла 4,4 милиони тони во 2020 година – 1,2 милиони тони повеќе од претходната година.

Аналитичарите сметаат дека бакарот е “новата нафта“ и има шанса во следните пет до десет години  да достигне 20.000 долари по тон.

Фото: Freepik