Драстичен скок на цената на бакарот – колку бакар извезува Македонија

352

Цената на бакарот скокна над 9.000 долари по тон, бидејќи се верува дека зголемената побарувачка за овој метал, водена од закрепнувањето на индустријата од пандемијата, ќе создаде историски дефицит на бакар и дека ќе има рекордна потрошувачка на месечни залихи.

Бакарот не е единствениот метал чија цена драстично скокна. Никелот исто така поскапе, па сега еден тон чини 20.000 долари. Цената на бакарот расте 11 месеци, бидејќи експертите веруваат дека наскоро ќе има огромна побарувачка за овој метал.

Крајот на кинеската еднонеделна прослава на новата година и нивното враќање на работните места доведоа до скок на цените, според инвестициската банка Goldman Sachs од каде објаснуваат дека пазарот се соочува со најголем дефицит во последните десет години, што само ќе биде поизразено во наредните месеци.

Извозот на бакар во 2019 година во Македонија изнесуваше 17,53 милиони долари, според базата на податоци на Обединетите нации за меѓународна трговија COMTRADE.

Извозот на бакар во 2019 година достигна вредност од 57,9 милијарди долари, што е 8,4% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Над половина (56,8%) од светскиот извоз на бакар доаѓа од земји од Латинска Америка, Азија учествува со 15,4% во извозот, додека на Европа отпаѓаат само 4,3%.

Во светот, најголем извозник на бакарна руда е Чиле со удел од 31% и заработка од 18 милијарди долари. Меѓу најголемите извозници на бакарна руда во светот се и: Перу (11,9 милијарди долари), Австралија (4,3 милијарди долари), Канада (2,8 милијарди долари), САД (2,34 милијарди долари), Бразил (2,25 милијарди долари), Мексико (2,1 милијарда долари), Монголија (1,8 милијарди долари), Шпанија (1,5 милијарди долари) и Индонезија (1,4 милијарди долари).

Фото: Freepik