Бактерија ја “јаде“ пластиката од океаните и ја претвора во вода

25

Две студентки од Харвард на вештачки начин создадоа бактерија што има способност да ја јаде пластиката што се наоѓа во океаните и да ја претвора во јаглерод диоксид и вода, пишува Science and Info.

Џени Јао и Миранда Венг, кои имаат 20 години, на овој проект работеа уште од средно училиште. Веќе имаат патенти за својот “производ“, а за да го започнат проектот обезбедија финансирање од 400.000 долари.

Студентките имаат освоено и пет награди за својот труд, a технологијата се користи на два начини: за чистење на плажите и да произведе суровини за облека.

За целиот процес да се заврши, односно пластиката да се претвори во вода и јаглерод диоксид, потребни се 24 часа.

Фото: Pixabay