Балансот во емоционалниот живот на лидерот – уште една работилница на 15-ти април

20

Фото: Pixabay

Сигурно повеќето од вас имаат колега/шка или член од тимот кој има многу позитивни карактеристики, има што да придонесе на работното место, може да каже добра шега, често е прилично шармантен/на и е доста продуктивен/на. Но, тој/таа, исто така, има репутација да пукне како топ кога нешто не е по негово/нејзино. Ако дискусијата не оди во негова/нејзина насока, ако некој има поинакво гледиште од неговото/нејзиното, сите што работат со него/неа знаат дека ќе има ерупција на емоции.

Затоа, Leader impact – Macedonia организира уште една работилница на тема Балансот во емоционалниот живот на лидерот. Ако бидете дел од овој настан, ќе имате можност да добиете: напреден курс за емоционална интелигенција, практични искуства за овој вид вештини, тет – а – тет средби, можност да се претставите себе како лидер и сертификат за емоционална интелигенција.

Работилницата ќе се одржи на 15-ти април, од 13 до 17 часот, во хотелот Hotel Double Tree by Hilton. Редовната цена е 3.500 денари, за сите детали обратете кај Мими Бошкова на 078 337 758 или на leaderimpactmk@gmail.com. На овој линк може да го пријавите вашето учество.