Емоционален бокс – тим лидерот нема капацитет да се справи со силните емоции

39

Сите имаме прилика да работиме со луѓе. Мојата работа не е исклучок од другите. Секоја личност во тимот, или во компанијата, си ја носи со себе / со неа својата репутација. Таа репутација ја рефлектира неговата/нејзината когнитивна и емоционална интелигенција.

Сигурно повеќето од вас имаат колега/шка или член од тимот кој има многу позитивни карактеристики, има што да придонесе на работното место, може да каже добра шега, често е прилично шармантен/на и е доста продуктивен/на. Но, тој/таа, исто така, има репутација да пукне како топ кога нешто не е по негово/нејзино. Ако дискусијата не оди во негова/нејзина насока, ако некој има поинакво гледиште од неговото/нејзиното, сите што работат со него/неа знаат дека ќе има ерупција на емоции.

Можете ли да си ја замислите оваа личност? Можете ли да си замислите како оваа навика влијаела врз работните односи на оваа личност? Додадениот октан на остри негативни емоции влијае врз тимската работа. Членовите на тимот ја чувствуваат острината на јазикот и силата на емоциите. Тие одвреме – навреме примиле по некој „Емоционален бокс“ кога нивниот колега/шка бил вознемирен/а и го докажувал својот став. Членовите на тимот научиле да се повлечат, да се затворат, да не се впуштаат во разговор со оваа личност кога знаат дека ќе има емоционални експлозии. Таквото однесување е антипродуктивно во тимот.

Во ситуацијата што ја опишувам има голема потреба од лидер со силна емоционална интелигенција за да го спаси тимот од овој тип на експлозии кој го уназадува заедничкото работење на тимот. Потребен е тим лидер со капацитет да ги разбере емоциите, чувствата и она што е позади зборовите на оваа личност, кој знае да го примени тоа на работното место со цел да го спаси тимот кој полека почнува да се распаѓа заради емоционален дисбаланс. Тим лидерот има индиректна одговорност кога повеќето членови од тимот не се изразуваат слободно како мерка на безбедност од потенцијален „Емоционален бокс“.

Доколку се наоѓате во слична или иста ситуација, од голема корист ќе ви биде работилницата Балансот во емоционалниот живот на лидерот, што ја организира Leader impact – Macedonia. Работилницата ќе се одржи на 30-ти март, од 17 до 21 часот, во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје. Редовната цена за учество е 3.500 денари, a за сите подетални информации и пријавување, обратете се кај Ана Георгиева на 075 400 188 или на leaderimpactmk@gmail.com.