Бамби ќе инвестира 10 милиони евра во нови производи

43

bambiПрехранбената компанија Бамби следната година планира да инвестира 10 милиони евра во нова линија во Пожаревац и во нови производи, најави директорот Даниел М. Боехи, јавува Танјуг.

Инвестицијата треба да се реализира кон средината на следната година. Целта на компанијата е да достигне годишен приход од 100 милиони евра.

Според финансиските извештаи, во првите девет месеци годинава, вкупната продажба на компанијата Бамби е зголемена за 12% во однос на истиот период лани. Во исто време, продажбата на регионалните пазари е зголемена за 20%.

Неодамнешното истражување на Best Buy Award, што во Србија го спроведе швајцарската организација Icertias, покажа дека производите на Бамби се едни од најомилените кај српските граѓани. Покрај Бамби, највисоки оцени добиле и производите на компаниите Таково, Нивеа, Адидас, Опел.

Истражувањата на Best Buy Award не ја мерат вредноста или пазарниот удел на брендот, туку односот на цената и квалитетот преку перцепцијата на потрошувачите, заснована на лично искуство.