Bank of China доби дозвола за работа во Турција

27

bank-of-china-1

Фото: Boc.cn

Банкарското регулаторно тело на Турција ѝ издаде дозвола за работа на Bank of China, пишува Хуријет.

“Ние ја одобривме банкарската лиценца за Bank of China во Турција. Претходно дадовме дозвола банката да функционира како депозитна банка во земјата, а сега истата може да започне со извршување на сите банкарски операции“, изјави Мехмет Али Акбен, претседател на Агенцијата за регулатива и супервизија.

Bank of China доби дозвола да работи како депозитна банка во Турција со инвестиција од 300 милиони долари.

Оваа банка, којашто е седма најголема финансиска институција во светот и трета по големина во Кина, веќе подолго време пројавуваше интерес за работа во Турција. Bank of China уште во 2015 година ги почна подготовките за формирање комерцијална банка во Турција, по формирање на претставништво во 2011 година.