Банка на Русија: Рекорден број сајбер напади врз финансиски сектор

7

Банката на Русија објави дека во март оваа година е забележан рекорден број сајбер напади врз рускиот финансиски сектор, изјави заменик-гувернерот на Банката на Русија, Герман Зубарев.

„За жал, обемот и зголемувањето на сајбер нападите се големи и значајни. Од февруари до 20 пати е зголемен бројот на напади врз финансиски институции. Во март годинава имало над 370 напади, додека во март минатата година имало помалку од 30“, изјави Зубарев, пренесe ТАСС.

Според него, рускиот регулатор започнува серија сајбер вежби.