Банкарска групација со најдобри квартални резултати во последната декада

42

Американската банкарско инвестициона групација, Goldman Sachs објави најдобри деловни резултати за третиот квартал во последните 10 години, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите во сегментот тргување со обврзници и управување со имот, пренесува CNBC.

Групацијата оствари 3,62 милијарди долари добивка или 9,68 долари по акција, што е многу повеќе од првичните проценки на економистите од 5,57 долари по акција.

Вкупните приходи на Goldman Sachs се зголемија за 30%, на 10,78 милијарди долари, што е за повеќе од милијарда долари повеќе од првичните прогнози.

Фото: Facebook