Банкарскиот сектор ќе ги претстави можностите за кредитирање на мали компании

19

Компаниите лоцирани на територијата на Скопскиот плански регион, пред сè микро, малите и средните денеска ќе можат да се запознаат со кредитите за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), но и преку останатите програми за финансирање на мали и средни претпријатија, пишува Миа.

На настанот Финансирање за развој на мали и средни претпријатија – МСП организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Бизнис центарот на Скопски плански регион, претставници на банкарскиот сектор ќе ги презенираат условите и можностите за кредитирање кои се достапни за компаниите.