Британската централна банка, Банката на Англија, ниту на седницата во октомври не одлучи да ја промени централната каматна стапка, која остана на рекордни 5,25 отсто. Гувернерот на банката, Ендрју Бејли, пак, оцени дека сè уште е рано да се размислува за намалување на каматната стапка, пренесува германската прес-агенција dpa.
Шест членови на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија гласаа да се задржи стапката непроменета, додека тројца се залагаа за зголемување на 5,5 отсто.
„Ги задржавме каматните стапки непроменети овој месец, но внимателно ќе следиме дали се неопходни дополнителни зголемувања“, објасни Бејли.
Во август британската централна банка во борбата против високата инфлација ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 5,25 отсто. Во моментов основната каматна стапка е на највисоко ниво од почетокот на финансиската и економската криза во 2008 година.
Во септември челниците на британската централна банка одлучија да ги остават каматните стапки непроменети, со што ја прекинаа серијата од 14 последователни зголемувања.