Банката на Русија ја намали каматната стапка

26

Управниот одбор на руската централна на вчерашната седница уште еднаш одлучи да ја намали клучната каматна стапка – овој пат за 0,5 процентни бода, на 7,5 отсто годишно, соопшти Банката на Русија.

Актуелните стапки на раст на потрошувачките цени остануваат ниски, што придонесува на понатамошно успорување на годишната инфлација. Тоа е поради влијанието на низа еднократни фактори и воздржаната побарувачка на потрошувачите. Динамиката на деловната активност е подобра отколку што Банката на Русија очекуваше во јули“, истакна Централната банка, а пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Меѓутоа, како што наведуваат, надворешните услови за руската економија остануваат тешки и продолжуваат значително да ја ограничуваат економската активност.

Додадоа дека Централната банка ќе носи понатамошни одлуки за клучната стапка, земајќи ја предвид инфлацијата и процесот на реструктуирање на руската економија.

Годишната инфлација во Русија во август падна на 14,3 отсто, а според проценките од 9 септември паднала на 14,1 отсто, извести Централната банка на Руската Федерација.