Банката на Русија ја задржа референтната каматна стапка на 21 отсто

Централната банка на Русија (БР) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 21 отсто, што ги изненади аналитичарите кои во голема мера очекуваа зголемување до 23 отсто.

Според проценките на регулаторот, сегашното заострување на монетарните услови ги создава неопходните предуслови инфлацијата постепено да се враќа на целната вредност од четири отсто.

Централната банка на Русија истакна дека во октомври има позначително заострување на монетарните услови од очекуваното, пренесува Комерсант.