Банката на Русија размислува да купи валути на пријателските земји – Кина, Индија и Турција

60

Русија размислува да ги купи валутите на пријателските земји како Кина, Индија и Турција за нејзиниот Национален фонд за богатство (NWF), бидејќи не може да купува долари или евра поради санкциите, објави денеска руската централна банка.

Банката на Русија, исто така, соопшти дека ќе се придржува до политиката на слободен флуктуирачки курс на рубљата и нагласи дека е важно повторно да се воспостави буџетското правило за пренасочување на вишокот приходи од нафта во фондот за „црни денови“ пренесе Ројтерс.

Во извештајот на централната банка за монетарната политика за периодот 2023-2025 година, се вели дека сега се разгледуваат различни опции како да се врати гореспоменатото фискално правило и да се надополни NWF, со оглед на западните санкции против Русија.