Банките ќе прикажуваат колкав удел имаат во “зелени“ заеми, аванси, хартии од вредност…

28

Банките во Европската унија од следната година во финансиските извештаи ќе мора да вклучат показатели за економски активности што се во склад со стандардите за заштита на животната средина, односно удел на “зелена“ во вкупната актива, предложува европското регулаторно тело.

Со оглед на тоа што се зголемува трендот на одржливи инвестиции, регулаторите бараат информации за инвеститорите околу изложеноста на банките кон климатските примени, бидејќи бројни временски неприлики влијаат на вредноста на нивната актива и обврски.

Новиот показател што го предлага Европското надзорно тело за банки ќе го покажува уделот на заеми, аванси и должнички хартии од вредност со позитивен ефект врз климата во рамки на вкупната актива на банките.

Почнувајќи од 2022-ра година, банките во годишните извештаи за резултатите од работењето би требало да го објават и новиот показател на основа на расположливите податоци до 31-ви декември 2021-ва година.

Фото: Pexels