Банките во Иран добија забрана за тргување со криптовалути

33

Фото: Pexels

Централната банка на Иран им забрани на останатите банки во земјата да тргуваат со криптовалути, поради сомневање дека технологијата може да се користи за илегални цели, пишува BBC.

Според банката биткоинот може да послужи за перење на пари и финансиски тероризам, но и како средство за финансирање на криминалци.

Банките, кредитните институции и менувачниците отсега ќе мораат да одбегнуваат било каква продажба или купување на дигитални валути.

Ова е голем удар за оние коишто се надеваа дека криптовалутите ќе ѝ помогнат на земјата да ги надмине проблемите поврзани со банкарската индустрија и меѓународните трансакции.

Вредноста на Иранскиот ријал падна на најниско ниво на почетокот на април, додека моменталната цена на биткоинот е 8.895 долари.