Банките во Романија го зголемија профитот за една третина во првата половина од 2018

20

Според податоците на романската Народна банка кумулативната нето-добивка на банките во Романија, во првата половина од 2018 година се зголеми за 33%, достигнувајќи вредност од 774 милиони евра, пишува Romania Insider.

Поголемиот профит главно произлегува од повисоката активност на кредитирање и напорите на банките за чистење на нивните портфолија.

Вкупната актива од локалните банки помеѓу јуни 2017 и крајот на јуни 2018 година, се зголеми за 9% достигнувајќи вредност од 93,5 милијарди евра. Повратот на средствата (ROA) на крајот на јуни 2018 достигна 1,66%, додека повратот од капиталот (ROE) достигна 15,71%. Во меѓувреме, на крајот од првите шест месеци, соодносот на нефункционалните кредити се спушти до 5,71%.

Во првата половина од оваа година, исто така, се случи и историска промена во рангирањето на локалните банки, откако Banca Transilvania ја надмина BCR како најголема банкарска група во Романија, откако ја презеде Bancpost.