Банките во светот лани платиле казни од 15,3 милијарди долари

31

Банките ширум светот минатата година платиле 15,3 милијарди долари казни. Најголем дел од казните или 73% отпаѓаат на американски кредитори, коишто платиле над 11 милијарди долари во 12 процесуирани случаи. На второ место е Австралија каде што банките платиле 891 милион долари казни во три посебни случаи.

Следна е Холандија со 916 милиони долари коишто се однесуваат на еден случај, а по износот следува Израел со еден случај во којшто казната била 902,5 милиони долари.  Петтото место го зазема Шведска којашто наплатила вкупно 540 милиони долари, по што следи Германија којашто лани своите банки ги казни со околу 216 милиони долари, а зад нејзе се Велика Британија со 156,5 милиони долари и Канада со 127,4 милиони долари.

“Казните на финансиските институции очекувано ќе растат и во следните години бидејќи САД и другите земји ги менуваат постоечките прописи и во исто време ги заоструваат санкциите, а прописите против перење пари се клучен приоритет“, вели Оливер Скот, главен уредник на Findbold, којшто стои зад истражувањето.

Фото: Freepik