Банкомати сами ќе ги дезинфицираат парите

54

Технолошки старт – ап од Истанбул развива модул за дезинфекција на пари за банкомати, со цел да се отстранат бактерии и вируси од хартиените пари, пишува Хуријет.

“Модулот што ние го развивме ги прави сите банкомати хигиенски и еколошки за само 15 минути“, вели Фуркан Еручан, коосновач на Money Shower.

Според него, со “технологија за инстант дезинфекција“, модулот ги заштитува луѓето од различни микроорганизми, вклучувајќи го и коронавирусот.

“Сега има 26.000 бактерии од 500 видови во просек на банкнотите што циркулираат низ Европа. Овој број е доволен за да се разболат луѓето… Земјите ги собираат хартиените пари, ги спалуваат во посебни центри и печатат нови со цел да се спречи ширење на заразите“, додава Еручан.

Откако ќе биде завршен пилот проектот, компанијата ќе го интегрира својот модул во банкоматите на најголемите банки до 2023 година.

Фото: Pixabay