Банкрот на дел од синџирот ресторани Pizza Hut

97

Повеќе од 300 ресторани од познатиот синџир ресторани Pizza Hut ќе бидат трајно затворени по банкротот на една од најголемите франшизи на овој бренд.

Компанијата NPC International, која е во стечајна постапка, вчера постигна договор со сопствениците на Pizza Hut – компанијата Yum, да затворат четвртина од своите ресторани и да ги продадат другите, пренесе CNN.

Деловниот неуспех на NPC Internationala се припишува на воведувањето вонредни мерки поради коронавирусот и долговите од речиси милијарда долари.

Pizza Hut соопшти дека работата на 300 угостителски објекти е многу полоша отколку на останатите на овој добро познат бренд за брза храна и дека компанијата ќе им помогне на работниците кои ги загубиле работните места, да се префрлат во други ресторани на синџирот.

NPC International има вкупно 1.227 локации каде што работат ресторани на Pizza Hut што сочинува приближно 18 % од вкупно 6.700 ресторани на брендот во САД, а води и 6.500 ресторани од брендот Wendy”s.

Фото: Freepik