Банкротираше најстарата стоковна куќа

160

Lord & Taylor, најстарата стоковна куќа во Америка, поднела барање за банкрот, пишува CNBC.

Компанијата, позната по врвни и екстравагантни производи, побара банкрот по неуспешниот обид за промена на деловниот модел поради пандемијата на коронавирус.

Компанијата, која е основана од двајца англиски имигранти во 1826 година во Менхетен, во своето писмо изјави дека има средства и обврски до 500 милиони долари. Синџирот на тој начин се приклучи на растечкиот список на жртви кога станува збор за стоковните куќи, кои се “убиени“ од короната.

Фото: Facebook