Банкротираше ресторанот на Џејми Оливер во Истанбул

28

jamies-italian-facebook

Фото: Facebook

Ресторанот на британскиот готвач, Џејми Оливер, во истанбулскиот центар Zorlu, банкротираше и е затворен кон крајот на минатиот месец, пишува Хуријет.

Познатиот готвач го отвори 32-от од неговите Jamie’s Italian ресторани во Истанбул на почетокот на 2013 година, но до крајот на истата година ресторан почна да се соочува со финансиски проблеми.

Во овој момент, отворени се околу 40 италијански ресторани на Оливер. Овој 42-годишен познат готвач ја доби наградата Член на редот на Британската империја во чест на роденденот на британската кралица во 2013 година, за исклучителни достигнувања и залагање за заедницата.

Оливер на почетокот на оваа година најави затворање на шест ресторани во Велика Британија, а како главна причина се наведе одлуката на земјата да излезе од Европската унија.