Бар дава бесплатен пијалак за оние кои ќе се вакцинираат

27

Бар во Тел Авив, во соработка со општинските власти, неодамна започна невообичаена акција: сите оние кои ќе дојдат да се вакцинираат против коронавирусот, ќе добијат и бесплатен пијалак.

Понудените пијалаци, секако, ќе бидат безалкохолни.

Според податоците на израелското министерство за здравство, од 9,3 милиони жители со една доза против коронавирусот се вакцинирани скоро 50%, а 35% ја примиле и втората доза од вакцината на Pfizer. Тамошните власти се загрижиле дека мотивацијата на населението за вакцинирање би можела да заслабне, па ги забавиле и плановите за повторно отворање на економијата.

За да може локалното население да се заинтересира за програмата за вакцинирање, барот нуди можност за вакцинирање и бесплатен безалкохолен пијалак.

“Помислив дека е навистина добра прилика да дојдам во барот и во исто време да се вакцинирам, со оглед на тоа што немав ниту време, ниту можност да отидам на друго место“, вели Меј Перез, една од оние кои ја искористиле примамливата понуда на барот.

Фото: Pexels