Барања за субвенции за млеко до недела

25

Производителите на млеко до недела ќе имаат можност да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од први јануари до 30 април оваа година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека висината на субвенцијата е 3,5 денари по литар.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.