Барањето за плаќање на рускиот гас во рубљи е „раскинување на договорот“, предупредува Берлин

111

Германија го критикува барањето на рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската Унија.

„Таквото барање значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија, Роберт Хабек, на прес-конференцијата во Берлин.

„Сега ќе разговараме со нашите европски партнери како ќе одговориме на ова барање“, додаде тој.

Путин рече дека Русија повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за ЕУ давајќи им на руските власти една недела да изготват нов систем во рубли. Рускиот претседател објасни дека тоа е одговор на замрзнувањето на рускиот имот на Запад поради офанзивата во Украина.

Германија е екстремно зависна од рускиот гас, кој сочинува 55 отсто од нејзиниот увоз на гас. И покрај руската инвазија на Украина, рускиот гас продолжува да пристигнува во ЕУ одбивајќи да воведе ембарго, како што направија САД и Велика Британија.

Берлин, сепак, сака бргу да ја намали својата зависност барајќи други доставувачи. За таа цел, германската влада ќе ја забрза изградбата на терминал за ЛНГ за увоз на течен гас.

Таа неодамна потпиша договор за долгорочна набавка со Катар, главен извозник на ЛНГ, по повод посетата на Хабек на земјата од Персискиот Залив минатиот викенд.