Барбара Стрејсенд инвестира во акции на Disney со хумана цел

18

Познатата пејачка Барбара Стрејсенд купи акции во компанијата Disney, чија сопственост ја пренесе на шестгодишната Џијана Флојд, ќерка на убиениот Џорџ Флојд, пренесува ВВС.

“Ти благодарам Барбара Стрејсенд за мојот пакет, сега сум акционер во Disney благодарение на тебе“, порача девојчето.

Моменталната вредност на акциите на Disney се околу 115 долари, а пред избивање на пандемијата имаа вредност од околу 150 долари.

На јавноста не ѝ е познато колку акции купила Стрејсенд за девојчето чиј татко беше убиен минатиот месец од полицаец. Неговата смрт ја разбранува јавноста во светот.

Универзитетот во Тексас на девојчето му понуди целосна стипендија кога ќе се запише на факултет.

Фото: Facebook