Barcelona должи над милијарда евра

30

Годишниот финансиски извештај на спортскиот клуб Barcelona покажува долг од една милијарда и 173 милиони евра, од коишто до крајот на годината треба да се вратат 730 милиони евра.

Структурата на долгот е: останати трошоци – 300 милиони евра, долгови кон банките – 265 милиони и 164 милиони евра за “работната заедница“.

Во овој момент за спортскиот клуб достасуваат и обврски во висина од 488 милиони евра. Barcelona преговара за продолжување на рокот за враќање на долговите до 30-ти јуни оваа година. Дел од кредиторите се согласија да го продолжат рокот на отплата на долгот, додека со другиот дел преговорите сè уште траат.

Фото: Freepik