Bare origin и сè што не сте знаеле за 100% природна козметика

69

3

Сите љубители на врвна козметика кои досега се восхитуваа Yves Rocher, Body Shop, Rituals, L’occitane, во недела (16-ти октомври во 19:00 часот) во Јавна соба ќе имаат можност да откријат еден навистина поинаков, 100% природен начин за нега на кожата. Станува збор за производите од неодамна формираниот бренд, Bare Origin, од страна на Нена Стојова.

“Доколку не можеш да го јадеш не го ставај на кожата, бидејќи кожата е нашиот најголем орган“, е нејзиниот водич во оваа приказна.

На патување во Мароко, Нена ги открива својствата на аргановото масло, едно од најскапоцените масла во светот, богато со Е витамин кој е најзначаен антиоксидант, и се користи против брчки и прерано стареење. Аргановото масло е богато и со масни киселини кои што се многу блиску до масните киселини коишто нашето тело природно ги произведува. Затоа толку лесно се апсорбира и ја одржува кожата мека и нежна.

“Како што името на мојот бренд сугерира Bare Origin (отворено потекло) сакам секој кој што ќе дојде во контакт со моите производи, не само да доживее неверојатен ефект од нив, но и да знае точно од каде потекнува тоа што го користи. Секоја состојка има своја приказна и точно тоа сакам да го споделам”, вели Нена Стојова.

Bare Origin нуди три различни ароми на арганово масло коишто се 100% природни и при чие производство Нена е лично присутна: чисто арганово масло, арганово масло со арома на роза и чоколаден арган, којшто е и со најголема побарувачка.

Првата промоција на брендот се одржа изминатиот месец во Стокхолм, а на 16-ти октомври, во 19 часот во Јавна соба, љубителите на богатствата од природата ќе имаат можност да ги тестираат производите, да дознаат повеќе за нивните состојки и начинот на кој што се произведуваат. Влезот е слободен.