Барел нафта 114 долари, криптовалутите во црвено

52

Нафтениот пазар утрово забележа слична вредност како вчера. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар исто како и вчера е 114 долари. Цената на нафтата на американскиот пазар е 111 долари, што исто така е слична вредност како вчера.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.634 долари, што е намалување за околу 1% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Цена на пченица и пченка

Цените на пченицата од утринава се намалени од 1.148 долари за тон, што е за околу 1 отсто помалку од вчера. Цената на пченката е 772 долари, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден.