Barilla инвестира 50 милиони евра во модернизација на својата најголема фабрика

33

barilla-logo

Фото: Facebook

Италијанската прехранбена компанија Barilla планира да инвестира 50 милиони евра во модернизација на најголемата фабрика за тестенини во светот, којашто се наоѓа во близина на градот Парма, пишува Reuters.

“Во јули годинава компанијата ќе ги одобри првите 32 милиони евра во фабриката за тестенини“, соопшти директорот на фабриката, Aлесандро Спадини.

Прехранбената компанија минатата година оствари приходи од вкупно 3,4 милијарди евра, што е за 2% повеќе во однос на годината претходно. Најголеми приходи се остварени благодарение на тестенините, готовите јадења и сосови, додека помали приходи бележи сегментот на пекарски производи чијашто продажба лани оствари послаби резултати.