Барселона ќе заштеди 16 милиони евра месечно од намалувањето на платите на спортистите

35

Претседателот на Барселона, Џозеф Бартомеу изјави дека клубот ќе заштеди 16 милиони евра месечно од намалувањето на платите на играчите од 70%. Каталонскиот клуб реши да ги намали платите за фудбалерите, кошаркарите, ракометарите и другите спортисти.

“Намалена им е фиксната плата, ние нема да го допреме варијабилниот дел. Тоа е вкупно 16 милиони евра. Ако вонредната состојба на земјата продолжи за еден месец, тоа ќе биде 5,75% од нашиот годишен буџет за плати. Во моментов не добиваме пари од билети, телевизиски права, продавници, музеи, фудбалски училишта… Имаме пад на приходите, па се обидуваме да го надоместиме со намалување на платите за спортистите и вработените, вклучително и на сите директори. Ние, исто така, одложуваме некои проекти “, рече Бартомеу и додаде дека играчите ја разбрале потребата за намалување на нивните плати.

Шампионатот беше стопирано на 14 март, кога владата прогласи вонредна состојба поради коронавирусот, којашто ќе трае до 11 април, иако е можно продолжување. Шпанија е втора земја во светот во однос на смртни случаи, по Италија и трета по бројот на заразени лица.

“Очигледно, нема да оствариме приход од 1,05 милијарди евра оваа сезона, но до февруари бевме на добар пат за рекордна сума што ги надминуваше очекувањата. Сега ќе видиме што се случува со професионалните спортови ширум светот “, изјави првиот човек на Барселона.

Фото: Pixabay