Барселона воведува забрана за пушење на сите плажи

80

По успешната пилот-програма која е спроведена во текот на летната сезона 2021 година, градските власти на Барселона одлучија трајно да воведат забрана за пушење на сите плажи.

Забраната, која стапува на сила од 1 јуни, има за цел да ја заштити околината и да го осигура правото на граѓаните на уживање во чист, незагаден простор без чад.

Градското собрание вели дека пилот-програмата минатата година значително го намалил бројот на пушачи, а до сега пушењето е забрането на 115 од 3.514 плажи во Шпанија, што наскоро може да се промени. Во моментот се расправа за закон во целата земја со кој сите шпански плажи ќе се претворат во подрачја без чад од цигари.