Bayer купува дел од Merck за 14,2 милијарди долари

54

merck i bayerФармацевтската компанија Merck&Co се согласи да го продаде одделот за производи за нега на германски Bayer за 14,2 милијарди долари, објавија двете компании.

“Оваа аквизиција е пресвртница на нашиот пат кон глобалното водство во атрактивното тргување со лекови без рецепт“, наведува Марин Декерс, извршен директор на Bayer.

Merck објави дека неговата добивка од продажбата на тој оддел по оданочување би требало да изнесува меѓу осум и девет милијарди долари, а заклучување на целата трансакција се очекува во втората половина од годината.

Оваа најголема трансакција во германската фармацевтска индустрија, откако во 2006-та година Bayer го купи својот конкурент Schering, ќе влијае на тоа Bayer да стане втор најголем производител на лекови без рецепти по Johnson&Johnson.

Глобалниот сектор на производи за нега мошне брзо се консолидира. Оваа делумна аквизиција следи откако минатиот месец швајцарски Novartis и британски GSK оформија заедничко претпријатие за производство на производи за нега, спојувајќи заеднички имот во висина од 20 милијарди долари.