Британскиот јавен сервис BBC на својата интернет страница објави дека укинува 450 работни места во рамки на програмата за реструктуирање на мрежата на локални радио и телевизиски станици во Велика Британија со цел намалување на трошоците.
Се очекува преку оваа програма да бидат заштедени околу 25 милиони фунти до 2022 година.
ВВС претходно соопшти дека оваа година мора да заштеди 125 милиони фунти, бидејќи приходите на компанијата забележаа значителен пад поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Тогаш беше најавено отпуштање на 150 лица во Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Фото: Freepik