БДП лани зголемен за 3,2% на 11,1 милијарда евра

25

Бруто домашниот производ (БДП) во 2019 година изнесува 689.425.000.000 денари (11,1 милијарда евра) и реалната стапка на раст, во однос на 2018-та е 3,2%, додека номиналниот раст му е 4,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2019 година имаат секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20,3%).

Финалната потрошувачка во 2019 година, во однос на 2018 година, номинално расте за 3,7%, а во структурата на БДП учествува со 79,7%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2019 година изнесува 62,3%.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2019 година изнесува 146.078.000.000 денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,5%, машините и опремата со 32,8%, а останатите инвестиции со 9,7%.

Фото: Pixabay