БДП минатата година номинално поголем за 7,6 отсто од 2020

62

Бруто-домашниот производ во 2021 година изнесувал 720,4 милијарди денари и во однос на 2020 година e номинално зголемен за 7,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Реалната стапка на раст на БДП во 2021 во однос на 2020 година е 3,9 отсто.

Најголемо учество на додадената вредност со 19,3 проценти во структурата на БДП во 2021 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2021 година во структурата на БДП учествува со 83,7 отсто.