БДП на Данска лани се намали за 3,7%

77

Данската економија лани забележа пад од 3,7%, што е најсилен пад во последните 10 години.

Економијата на Данска минатата година и официјално беше во рецесија, бидејќи во два последователни квартали имаше пад на економската активност.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека данската економија минатата година забележа пад од 6,5%, а владата излезе со проценка од 5,3% намалување.

Во текот на големата финансиска криза во 2009-та година, данскиот БДП се намали за 4,9%. Во последното тримесечје од минатата година, данската економија имаше пораст од 0,6%.

Данска е земја членка на Европската унија, но не и на евро зоната.

Фото: Pexels