БДП од 10,7 милијарди евра во 2018-та година

97

Бруто домашниот производ (БДП) во 2018 година изнесува 660.878.000.000 денари (околу 10,7 милијарди евра) и во однос на 2017 година е номинално зголемен за 6,9%, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и од други извори

Реалната стапка на раст на БДП во 2018, во однос на 2017 година, изнесува 2,9%. Најголемо учество на додадената вредност со 19,9% во структурата на БДП, во 2018 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2018 година, во однос на 2017 година, номинално расте за 5%, а во структурата на БДП учествува со 80,1%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2018 година изнесува 60,4%.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2018 година изнесува 132.387.000.000 денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,4%, машините и опремата со 33,5%, а останатите инвестиции со 9,1%.

Фото: Pexels