БДП со раст од 2,4% во третото тримесечје од оваа година

14

Бруто домашниот производ, во третото тримесечје од оваа година, имаше стапка на раст од 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,9%; Градежништво од 10,3%; и Информации и комуникации од 5,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,1%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1%.