БДП во 2015 година реално се зголемил за 3,8%

20

Бруто домашниот производ во 2015 година изнесува 558.240.000.000 денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5,8%, додека реалната стапка на раст е 3,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2015 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18,7%).

Финалната потрошувачка во 2015 година, во однос на 2014 година, номинално расте за 3,6%, а во структурата на БДП учествува со 85,1%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2015 година изнесува 48,8%. Вредноста на инвестициите во основни средства во 2015 година изнесува 129.095.000.000 денари. Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 4,5%.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 63,4%,
машините и опремата со 30,1%, а останатите инвестиции со 6,5%.