БДП во 2016 година реално зголемен за 2,9%

21

pari-nagore-pixabay

Фото: Pixabay

Бруто домашниот производ во 2016 година изнесува 598.881.000.000 денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7,1%. Реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 2,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18,7%).

Финалната потрошувачка во 2016 година, во однос на 2015 година, номинално расте за 2,6%, а во структурата на БДП учествува со 82,1%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50%.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 7,7%.

Во техничката структурата на инвестциите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62,7%, машините и опремата со 30,1%, а останатите инвестиции со 7,2%.