БДП во првиот квартал се зголеми за 4,1%

20

Фото: Pixabay

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2019 година е 4,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство од 13,6%; Градежништво од 7% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3,9%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 63,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6%.