БДП во првото тримесечје порасна за 3,2%

19

Бруто домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од оваа година, бележи раст од 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9,9%; Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 6,6%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,3% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 6,2%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2015 година, номинално порасна за 1,6%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесуваше 69,6%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5,5%.