БДП за четвртиот квартал од 2022 пораснал за 0,6 отсто

51

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е 0.6 %.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8.3 %; Њ, О и П – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 1.5 %, како и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 1.3 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 17.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 67.1 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 25.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 17.5 %.