Beck’speriment – на што сè се подготвени момците за комбе полно пиво

43

reklama

Пиварата Molson Coors Europe, во мај за прв пат одржа интерен натпревар за најдобра дигитална кампања. Пријавени беа 19 кампањи од осум земји, а за најдобра е прогласена кампањата Beck’speriment што за Загрепска пиварница ја осмисли агенцијата Drap од Загреб.

Предизвикот во овој Beck’speriment беше момците да ги задржат своите девојки 60 минути во дуќан, а ако успеат, добиваат комбе полно со Beck’s пиво. Со добра мотивација, момците од набљудувачи се претвораат во модни експерти.

Загрепска пиварница во своето портфолио ги има брендовите Ожујско, Старопрамен, Beck’s, Stella Artois, Corona Extra, Carling, Hoegaarden, Leffe, Lowenbrau, Томислав и Никшиќко пиво. Од 2012 година е членка на Molson Coors Europe, водечка пивара во централна Европа и втора по големина во Велика Британија, со преку 30 брендови присутни на пазарите на Чешка, Србија, Романија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора, БиХ, Словачка, Хрватска.