Bee and Me: Црногорски старт – ап за мониторинг на кошници со мед

52

 

bee-and-me

Фото: Facebook

Елма Хот и Алија Дервиќ од Црна Гора се основачи на стартапот Bee and Me. Станува збор за технологија којашто на пчеларите им овозможува со помош на новите технологии да ги добијат сите потребни информации за своите пчели во реално време.

Сензорите поставени на кошниците ги следат: температурата, влажноста на воздухот, тежината на кошницата, активноста на пчелите и слично. Потоа, овие информации се проследуваат до пчеларите преку СМС порака или преку апликација.

Овој систем е особено корисен во текот на летните месеци, кога пчеларите ги селат кошниците на планините, па во тој период им се помалку достапни и тие се принудени да трошат време и пари за да ги посетат и да видат во каква состојба се наоѓаат.