БЕГ: Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за топлинска енергија продолжува до крајот на месецот

38

beg

За да им излезе во пресрет на што поголем број потрошувачи, Снабдување со топлинска енергија Балкан Енерџи ја продолжува Акцијата за бесплатен приклучок. Сите заинтересирани граѓани може да се јават на телефонскиот број 02/3076-200, а акцијата се одвива по принципот “прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за топлинска енергија во Скопје, стои во соопштението.

Во рамки на досегашната акција за бесплатен приклучок во системот за топлинска енергија приклучени се околу 700 потрошувачи, а се јавиле 900 потрошувачи.

Системот за топлинска енергија, освен што нуди најекономично загревање, истовремено е и најеколошкиот енергенс, чие зголемено користење во голема мерка придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот во зимските денови во Скопје.

Имајќи предвид дека се приближува почетокот на грејната сезона во тек се и секојдневните ладни проби, со што системот за топлинска целосно ќе се провери и подготви за претстојната грејна сезона.

Со оглед на тоа дека стартот на грејната сезона се приближува, компанијата апелира до сите постојни потрошувачи дека евентуалните дефекти се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на следниот линк: http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или СМС порака на телефонските броеви: 076-350-298, 078-207-056, 070-369-337.

Освен за домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење се продолжува и за правните лица, кои со последното утврдување на цената на топлинска енергија во август годинава исто така добија значително намалување.