Бегаат од Њујорк и сега живеат во град од регионот

51

Србија стана неочекувана оаза за Њујорчани кои се желни за патување во текот на пандемијата, пишува New York Times.

“Сега плаќам кирија што е двојно пониска од онаа што ја плаќав во Њујорк, а престојувам во апартман со поглед на цел Белград. Просто е или плаќа двојно повеќе и живеам со повеќе ограничувања или дупло помалку за поголема слобода и искуство со неверојатни луѓе кои сакаат да излегуваат во ресторани и да разговараат за работи што не се политика“, вели 27-годишниот Дејвис Ричардсон, кој пред неколку месеци сакал да “побегне“ од Њујорк и да дојде во Белград.

Србија не бара на американските државјани да останат во карантин штом дојдат во земјата, а националниот авиопревозник Air Serbia во октомври најави 34 летови кон Њујорк.

Со оглед на зголемениот број на заболени од пандемијата, српската влада нареди сите “барови, ресторани, кафулиња, продавници, супермаркети, трговски центри, театри и кина да бидат затворени од 21 до пет часот наутро, од 17-ти ноември до први декември“.

“Тука нема притисок поради коронавирусот. Како да сум се вратил во време пред пандемијата“, вели 35-годишниот Џони Џозеф, кој од Њујорк дојде во Белград.

33-годишната Катка Лапелосова од Бруклин, се вљубила во Белград откако го посетила во октомври.

“Првично дојдов таму само за да го напуштам Њујорк, но на крајот купив стан во Белград“, вели Лапелосова, која во јануари ќе се всели во нејзиниот еднособен стан кој го платила 55.000 долари во улица што ја спореди со Park Avenue.

Минатиот месец и 36-годишната Џенифер, била на тридневно патување во Белград со Air Serbia, за да го прослави својот роденден. Хотел со четири ѕвезди платила за само 50 долари за ноќ, а била и воодушевена од вечера во локален ресторан.

Фото: Freepik