Белата куќа претстави предлог буџет на САД во износ од 6.000 милијарди долари со коишто е планира да се зголеми потрошувачката за развој на инфраструктурни проекти, образование и борба против климатските промени.
Предлог буџетот на демократскиот претседател, Џо Бајден, е соочен со силно противење на републиканците, кои настојуваат да ја запрат политиката на потрошувачка на администрацијата, како и плановите за зголемување на данокот на богати граѓани и големи корпорации, пишува Гласот на Америка.
Планот за следната фискална година предвидува потрошувачка од 6.000 милијарди долари и приходи од 4.170 милијарди долари, што е зголемување од 36,6% во однос на 2019 година.
Дефицитот би изнесувал 1.840 милијарди долари, што е помалку од последните две години пред пандемијата, но повеќе од 984 милијарди долари, колку што беше во 2019 година.
Официјални претставници на Белата куќа укажуваат дека 4.000 милијарди долари од предложениот буџет се наменети за решавање на историскиот проблем на нееднаквост, климатски промени, како и овозможување на целосно бесплатно образование во следните 15 години, додека поголемите даночни трошоци би се насочиле кон дефицитот по 2030 година.
Предлог буџетот претставува остра пресвртница во однос на политиката на Доналд Трамп, кој побарал намалување на трошоците на владините агенции. Министерството за образование според планот на Бајден добива 41% повеќе пари, а Министерството за трговија 28% повеќе.
Фото: Pexels











