Белград доби флота од хеликоптери за панорамско разгледување на градот

53

helikopteri belgrad

Туристите кои ќе дојдат во посета на Белград ќе имаат можност да го разгледаат градот од хеликоптер, пишува Вечерњи новости.

Во текот на летот, којшто ќе трае 15, 30 или 60 минути, туристите ќе можат да уживаат во комплетната панорама на српската престолнина. Возењето со хеликоптер може да се резервира во Инфо центарот на Туристичката организација на Белград, а цената е 250 евра.

“На располагање се пет хеликоптери ’робинсон’ со искусни пилоти. Во еден од нив се возеа Џони Деп и Моника Белучи“, вели Сара Крнета од Balkans helicopter.

Белград, како што се наведува, е прв град на Балканот, кој на туристите им нуди вакво искуство од воздух.